Флик е машина: На секои 11 меча освојува по еден трофеј со Баерн

Ханс-Дитер Флик е тренерот кој влегува во историјата на Баерн Минхен, успевајќи само во една година да донесе шест трофеи на „Алијанц арената“. Стратегот кој стана машина за пехари, на клупата на Баерн беше доведен како привремено решение, но остана и се покажа како перфектно решение.

Со Флик на чело, Баерн стана германски првак, ги освои Купот во Германија и Суперкупот на земјата. На меѓународна сцена, Баерн стана европски првак, а потоа се радуваше на пехарот и во Суперкупот на Европа. Од вечерва Баерн е и светски клупски првак.

Откако дојде на чело на Баерн, Флик го предводеше тимот на 68 меча, во кои успеа да забележи дури 58 победи, а по петпати ремизираше и претрпе само пет порази. Во овој период, шесте освоени трофеи на Баерн значат дека Флик освојува по еден трофеј со Баерн на секои 11 одиграни средби.

- Оглас -

Најнови вести