Флик не му ја мисли многу, веќе го знае составот на Баерн за дербито со Барселона

Ханси Флик веќе го има во глава стартниот состав на Баерн Минхен за дербито против Барселона во четвртвфиналето во Лигата на шампионите, а ќе има само една измена во однос на тимот што го декласира Челзи со 4:1.

Флик не сака многу да менува, ако за тоа нема потреба, а тимот повторно ќе го предводи капитенот Мануел Нојер. Четворката во одбраната не се менува и против Барса на „Луж“ во петок би требало да истрчаат Кимих, Боатенг, Алаба и Дејвис.

Тијаго Алкантара и Леон Горецка ќе бидат штитот на одбраната, но и врската меѓу дефанзивата и напаѓачкиот дел на германскиот шампион.

Коман би требало да го замени Перишиќ на позицијата лево крило, Милер ќе игра во средината, а Гнабри ќе биде десно крило.

Стандардно во форот ќе биде најдобриот стрелец во Бундеслигата и Сребрена копачка на Европа, Роберт Левандовски.

Според коефициентите што ги објави Sport Life, Баерн е втор фаворит за шампионската круна во Лигата на шампионите со квота 4.00.

Топ-фаворит е Манчестер сити со коефициент 3.25, а Барселона со квота 8.00 е четврторангирана на листата, зад ПСЖ со 6.00.

Сите коефициенти и комплетната понуда на Sport Life за четвртфиналните мечеви во ЛШ можете да ги најдете ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести