Барселона има три победи во првите три кола сезонава, сите три беа со резултат 2-1, а синоќа победничкиот гол беше дело на Дани Олмо кој дебитираше во дресот на каталонскиот гигант.
Барса во претходните четири сезони кога тргнувала со 9 бода од првите три кола, на крај успевала и да ја освои титулата во Ла Лига.
Тренерот Ханси Флик беше задоволен од Олмо, а и како не би бил кога тој докажа дека е одличен играч на кој нема да му треба многу време за да се вклопи во тимот.
„Првото полувреме не помина како што сакавме. Не притискавме доволно и не бевме баш добри со топката. По паузата ја подобривме нашата игра и изгледавме многу подобро. Главната причина за тоа е влегувањето на Дани Олмо, кој одлично се справи со топката и притискаше без топка.Тој направи разлика во второто полувреме. Добро ја контролиравме топката. Ќе ја анализираме нашата игра. Имаме 9 бода од можни 9, но имаме работа, треба да ја подобриме играта во првите полувремиња“, рече Флик.