Флора ја живна Естонија, Тотенхем ја има најубавата колекција на победи во Европа

Флора е првиот тим од Естонија што ќе игра во фаза по групи во еврокуповите и им се приклучи на ерменски Алашкерт и на Линколн од Гибралтар кои приредија ист подвиг и се првите екипи од своите земји што минале квалификации и ќе настапат во фазата по групи во Конференциската лига на УЕФА.

Флора успеа да го елиминира Шемрок, со втората победа во двомечот, вечерва со 1:0 на гостински терен. Естонците победија со 4:2 на првиот меч и со вкупен резултат од 5:2 се пласираа во новото натпреварување на УЕФА.

Алашкерт загуби од Глазгов ренџерс со вкупен резултат од 0:1 во квалификациите за Лигата на Европа, но автоматски се сели во Конференциската лига на УЕФА. Денеска во реваншот ерменскиот тим одигра без голови на свој терен и не успеа да ја анулира предноста на шкотскиот гигант од 1:0 од првиот меч.

Линколн стана првата екипа од Гибралтар со ист подвиг како Флора и Алашкерт, а дотаму стигна со победа од 3:1 против Рига во реваншот на „Викторија стадионот“.

За подвиг на Линколн му беа потребни две продолженија во реваншот и два гола во дополнителното време, откако и во вториот меч беше 1:1 по регуларниот дел како и во Летонија.

Тотенхем со 3:0 го елиминира тимот на Пашош Фереира и ќе игра во Конференциската лига, а со денешниот триумф клубот од Лондон е единствениот што има колекција на победи во сите досегашни европски натпреварувања.

Популарните Спарс победуваа во Лигата на шампионите, во Купот на победници на куповите, во Лигата на Европа, во Интертото купот и сега и во Конференциската лига на УЕФА.

 

- Оглас -

Најнови вести