Флорентино Перес како да не чул за Халанд и Мбапе: Не ни требаат, ги имаме Родриго и Винисиус (Фото)

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, брзо ги заборави Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, двете несудени засилувања во летниот преоден рок што помина.

Првиот човек на европскиот и шпански шампион имаше интересна реакција кога му ги спомнаа двајцата опасни напаѓачи како можни засилувања за во иднина.

„Колкава е отштетата за Халанд? Немам поим, искрено. Ме прашувате за Мбапе? Се слушаат гласини дека ќе игра за Реал? Нема воопшто смисла да разговараме за тоа. Ние имаме топ-играчи на тие позиции. Тука се Родриго и Винисиус, млади и екстра-квалитетни офанзивци кои имаат блескава иднина“, изјави Перес.

Сепак, иако на некој начин негира дека тој и Реал Мадрид се заинтересирани за Халанд и Мбапе, Кралскиот клуб секогаш знаел да направи сензационални трансфери, па не е исклучено Норвежанецот и Французинот да играат заедно во белиот дрес на Реал во иднина или барем еден од нив.

Мбапе беше многу блиску до трансфер од ПСЖ во Реал ова лето и кога сè беше договорено, Светците од Париз го пишманија напаѓачот со ненормална понуда, вредна вкупно 400 милиони евра за потпис до 2025 година.

Мбапе прифати и остана во Париз, но сега сака да си оди, и тоа веднаш во следниот преоден рок во јануари.

Халанд, според шпекулациите, е планиран како засилување на Реал од 2023 година, а моментно игра блескаво за Манчестер сити и веќе даде вкупно 20 гола во Премиер лигата и во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести