Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, даде интересен коментар додека се потпишуваше на дресот на еден фан на Кралскиот клуб.
Додека Перес даваше автограм, еден навивач му порача: „Немој веќе да го каниш Мбапе во Реал“.
Одговорот на Перес беше: „Кутро момче, сигурно веќе жали“.
Како што е познато, француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе во последен момент реши да го продолжи договорот со ПСЖ за уште три сезони, иако се чинеше дека неговиот трансфер во Реал е завршена работа.
Навивачите на Реал му се лути на Мбапе и сметаат дека „лажгото“ кој цела година флертуваше со Реал и на крај го откачи, не треба никогаш да стане член на шпанскиот гигант.