Флуминенсе го победи клубот на Хонда, па предложи суши за вечера

Флуминенсе го доби дербито на Рио де Жанеиро против Ботафого со 3-0, дуелот се одигра на „Маракана“, а победникот не можеше да се воздржи од шега на сметка на ривалот, па по мечот испратија порака до своите навивачи во која имаше провокација до Ботафого.

Ботафого пред неколку дена потпиша договор со јапонскиот ветеран Кеисуке Хонда, неговото претставување беше спектакуларно, десетици илјади фанови дојдоа да го поздрават, но еуфоријата веројатно ја снема по поразот, иако Хонда не играше против популарниот Флу.

Од Флуминенсе на официјалниот твитер-профил објавија фотографија од чинија со порција јапонско традиционално јадење суши. Беше напишано дека ако навивачите не знаат што да вечераат, клубот им предлага да изедат едно суши. Јасна е асоцијацијата во која „жртви“ се Хонда и клубот Ботафого, кој го ангажираше Јапонецот.

- Оглас -

Најнови вести