Флури по 50-ти пат ја зачува мрежата, Стал со 400 гола (Видео)

Вегас голден најтс беше подобар од Каролина хурикенс со 3:0 во хокеарската НХЛ лига, со што голманот Марк Андре Флури по 50-ти пат во кариерата одигра натпревар без да прими гол. Вегас ги загуби претходните два меча, но благодарение на погодоците на Хант и Кариер на кои ова им се први голови сезонава, и одбраните на Флури, тимот од „градот на гревовите“ дојде до победата.

Ветеранот Флури имаше 34 одбрани, и стана 29-ти чувар на голот со 50 „шут-аути“. Во 15-годишната кариера, тој има 410 победи во НХЛ, и се наоѓа меѓу десетте најуспешни во историјата на лигата.

Каролина сезонава има проблем кога напаѓа во играч повеќе на мразот. Постигнаа само 6 гола во 51 „пауер плеј“ ситуации со човек плус.

Јубилеј имаше 33-годишниот Ерик Стал, кој го постигна 400-тиот гол во НХЛ кариерата. Стал кок со Канада освои златен медал на Олимписките игри во Ванкувер во 2010 година, е 96-тиот играч во историјата кој дал 400 или повеќе голови, а само шестиот активен. Тој придонесе за победата на Минесота над Сент Луис од 5:1. во најсилната хокеарска лига на светот.

Ова е голот број 400 на Стал:

https://twitter.com/twitter/statuses/1058878435844534274

 

- Оглас -

Најнови вести