Фонт го нападна Бартомеу: Само фудбалски анонимус може да плати 120 милиони евра за Гриезман

Трансферот на Антоан Гриезман од Атлетико Мадрид во Барселона воопшто не му беше потребен на каталонскиот гигант, а сумата од 120 милиони евра што е платена како отштета за францускиот репрезентативец може да ја плати само тотален анонимус во фудбалот, изјави Виктор Фонт, еден од кандидатите за нов претседател на Барселона.

„Тој трансфер е прескап, воопшто и непотребен, а само некој што залутал во фудбалот може да плати таква енормна сума пари. Ќе мора да се реорганизираме, да имаме екипа што разбира фудбал и ќе носи правилни одлуки“, вели Фонт.

Фонт сака да го врати Чави Ернандес во клубот, а секако во неговите планови е и Лионел Меси да остане на „Камп ноу“.

„Ако Чави побара од мене да го ангажираме Серхио Рамос, тогаш јас би го сторил тоа. Секако, ако тоа биде во рамките на финансиските можности на Барселона“.

Покрај Фонт, кој важи за главен фаворит за претседателската функција, има уште четири сериозни кандидати во трката за наследник на Жозеп Бартомеу, кој си поднесе оставка.

 

- Оглас -

Најнови вести