Формула 1 нема да го казни Хамилтон за носење на спорната маица

Меѓународната автомобилска федерација, ФИА, нема да покрене истрага против шесткратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, кој пред и по трката за Големата награда на Тоскана носеше маица со натпис во врска со убиството на Афроамериканката Бриона Тејлор. Хамилтон и на подиум се појави со маица на која пишува: „Уапсете ги полицајците кои ја убија Бриона Тејлор“.

По победата на патеката „Муџело“, тој интервјуто го заврши со реченицата „Правда за Бриона Тејлор“.

Бриона Тејлор е 26-годишна медицинска работничка која во март беше убиена (наводно по грешка) со осум куршуми од полицијата за време на рација во нејзината куќа.

- Оглас -

Најнови вести