Формула 1 со новитети околу моторите од 2026 година

Формула 1 воведува реформи од 2026 година што се однесува до моторите на болидите. Имено, ФИА ги одобри новите прописи за моторите кои ќе бидат поеколошки, ќе согоруваат помалку гориво, а ќе бидат еднакво брзи како и досега и ќе користат 50 % повеќе електрична енергија, а можно е моторите да бидат малку побучни.

„Со воведувањето на напредната технологија за погон и одржливи синтетички горива, сакаме да бидеме пример за учесниците во сообраќајот, а како дел од нашата цел е и да ги намалиме емисиите на јаглерод до 2030 година“, се наведува во соопштението од ФИА.

Ова ги отвора вратите за нови произведувачи на мотори да се вклучат во најбрзиот спортски мотоциркус во светот. Еден пример е идејата на Порше да влезе во соработка со Ред Бул.

- Оглас -

Најнови вести