Фортуна нема да има среќа во Минхен

Шалке – Вердер (фудбал, Германија, 15.30 часот)

Ова е добра прилика за тимот од Гелзенкирхен конечно да освои бод или три, и да ја прекине серијата од три порази едноподруго, од кои два беа месецов, по продолжувањето на сезоната. Вердер имаше шарени резултати, но и натаму е претпоследен на табелата и грчевито се обидува да побегне од опасната зона, што нема да му биде лесно. Двата тима имаат по петмина повредени играчи. Традицијата е на страна на гостите. Вердер победи на последните три гостувања кај Шалке и секогаш даваше два гола.

Предлог тип: 2-3 гола (2.00)

 

Волфсбург – Ајнтрахт (фудбал, Германија, 15.30 часот)

Домашните се борат за излез во Европа, макар и преку квалификации во Лига Европа. Добија два од трите меча во мај, па важат за фаворити. Ајнтрахт е само два бода над опасната зона, а најголем проблем им е одбраната. Тимот од Франкфурт прими 11 гола на трите меча кои се играа по продолжување на сезоната. Волфсбург од декември 2016 година не знае за домашна победа над Ајнтрахт, редно е постот да заврши.

Предлог тип: 1 (2.05)

 

Баерн Минхен – Фортуна Диселдорф (фудбал, Чешка 2, 16.00 часот)

Фортуна е трета од долу на табелата, и нема пораз во трите мајски натпревари, но на гостување кај лидерот Баерн Минхен нема што да бараат. Шанса на Фортуна е да го изненади Баерн барем во првото полувреме. Баварците можеби мислат дека титулата веќе е нивна, и ако се опуштат може да имаат проблем додека да се свестат. Баерн од 16-ти февруари наваму реди само победи, а есеноска во Диселдорф против Фортуна победи со 4-0., но Фортуна извади 3-3 на последното гостување на „Алијанц арена“.

Предлог тип: Т1 2+ второ (1.58)

 

Динамо Минск – Шахтјор Солигорск (фудбал, Белорусија, 18.00 часот)

Ова да беше во некоја претходна сезона, веројатно единицата ќе беше сигурен тип, но овојпат Солигорск е подобар од Динамо. Во последните пет кола, Солигорск собра 13 бода, а тие се и тим со најцврста одбрана во лигата, имаат примено само три гола во 10-те кола. Динамо е дури 11-ти, но полека како да фаќа ритам, и ова им е вистински тест. На последните гостувања на Солигорск на овој стадион завршија со 0-0 и 1-1.

Предлог тип: 0-2 гола (1.61)

 

Славија Прага – Јаблонец (фудбал, Чешка, 20.00 часот)

Чешкиот шампионат продолжува со дерби, но ова е дерби само според изгледот на табелата, бидејќи разликата од лидерот Славија до третиот Јаблонец е дури 18 бода. Славија е многу посилен тим и ќе сака пред лимитираниот број на привилегирани навивачи на трибините да се покаже во добро светло. Пред четири дена, и Славија и Јаблонец победија со по 1-0, па сега без притисок може да одиграат и поефикасно.

Предлог тип: ГГ (2.45)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Шалке – Вердер ГГ прво/второ (2.45)

Партизан – Младост Лучани Т1 1+I & Т1 3+ (2.10)

Баерн Минхен – Фортуна Диселдорф 1-1 & 2-5 (2.15)

- Оглас -

Најнови вести