Фотографија која е доказ дека Интер ќе добие големо засилување

Италијанскиот гигант Интер на големо го подготвува трансферот на Кристијан Ериксен од Тотенхем. Според една фотографија која се појави на интернет, спортскиот директор на Нераѕурите, Бепе Марота кој е задолжен за трансферите во клубот, забележан е како излегува од еден ресторан во Милано со агентот на Ериксен.

Според најавите, веќе се договорени личните услови на Ериксен за доаѓање на „Џузепе Меаца“, а сега се чека само Тотенхем да даде одобрување за реализација на трансферот. Данскиот репрезентативе треба да потпише со Интер до 2024 година, а годишно ќе заработува по 8 милиони евра, плус можни бонуси од два милиони евра.

Тотенхем за Ериксен бара 20 милиони евра, а Интер еднаш упати понуда од 12 милиони евра која беше одбиена. Се очекува двата клуба да се договорат за трансфер вреден околу 18 милиони евра.

Марота и менаџерот на Ериксен, Мартин Шутс беа „уловени“ како го договараат трансферот, а видео може да видете на следниот ЛИНК.

Интер во овој преоден рок веќе го доведе Леонардо Спинацола од Рома, а во спротивна насока го испрати Матео Политано.

 

- Оглас -

Најнови вести