Фотографија за клупска историја – АЕК му честита на рекордерот Тричковски

Иван Тричковски со гол против АЕЛ Лимасол му побегна на Лефтерис Елефетериу и сега е сам рекодер на клубот со 72 гола. Неговиот АЕК Ларнака славеше на гости со 3-2, а нашиот репрезентативец го постигна голот за рекорд во 25-тата минута.

Никој претходно не успеал да постигне толку погодоци во клупската историја на АЕК, а оттаму стигна и честитка за „дванесетката“ и неговиот рекорд.

Со наслов „Нашиот рекордер“ од АЕК објавија фотографија и честитка за подвигот на популарниот Тричко. Досега тој и Елефтериу го делеа рекордот со по 71 гол, а сега македонскиот репрезентативец ќе има шанса уште да ја зголеми предноста.

Тричковски е и најдобар стрелец со 4 погодоци во кипарскиот плејоф за титулата, а АЕК Ларнака е на прагот да обезбеди настап во Лигата на Европа. До крајот на трката за титулата има уште пет кола, па македонскиот репрезентативец има шанса и да ги подобри сопствениот и клупскиот рекорд на АЕК Ларнака.

- Оглас -

Најнови вести