Фрајбург II е во одлична серија, дали таа ќе заврши денес?

Во германската трета лига денес се игра дербито на врвот на табелата. Екипата на Фрајбург II е домаќин на Сарбрикен во натпреварот кој започнува во 19 часот. Домаќините се на втората позиција на табелата, додека гостите со 10 поени помалку се на шестото место.

Втората екипа на Фрајбург е во одлична серија од 11 натпревари без пораз, на кои имаат забележано 8 победи и само 3 нерешени. Тоа значи дека во 2023 година сè уште немаат забележано пораз. Квотата за нивна победа во Sport Life е 2.25.

Дали оваа серија ќе заврши денес, ќе дознаеме за неколку часа. Ситуацијата е уште поинтересна бидејќи вторите тимови немаат право на пласман во втората Бундеслига. Така Фрајбург II во остатокот од сезоната игра само за престиж, со можност да освои трофеј, но и во случај да не освои, повторно би останал во третолигашката конкуренција.

Доколку се одлучите да типувате на победа на Сарбрикен, тогаш квотата во Sport Life e 3.05, но и нерешениот резултат е во игра со квота од 3.40.

- Оглас -

Најнови вести