Франција го загуби Мбапе за дуелите против Украина и Финска?

Франција со непосакувано реми од 1-1 против БиХ стартуваше во овој циклус, а дополнителни проблеми создаде и потенцијалната победа на Килијан Мбапе.

Ѕвездата на ПСЖ почувствува болки во листот од ногата во текот на мечот во Стразбур, но на теренот се задржа до 90-тата минута, пред да му го отстапи местото на Дијаби.

Мбапе денес ќе мора да изврши медицински прегледи за да се утврди повредата, по што има шанси да не биде во конкуренција за настап во средбите против Украина на 4 и против Финска на 7 септември.

Светскиот шампион засега ја контролира групата Д со осум бода освоени преку две победи и две ремија, како единствена селекција со забележани триумфи, додека Украина е втора со четири бода од четири ремија, Финска има два бода по два меча, Босна и Херцеговина исто така со меч повеќе.

- Оглас -

Најнови вести