Селекциите на Франција и Белгија не постигнаа гол во првото полувреме во осминафиналето на ЕП, а особено пасивни се Црвените ѓаволи, кои како да играат на 0-0, па на пенали да си ја испробаат среќата.
Ниту Французите не блескаа во првите 45 минути, но беа малку поактивни, имаа повеќе шутеви, сепак недоволно за водство.
Инаку, кога овие две земји играле една против друга на Светско или Европско првенство, а досега играле меѓусебе четири пати, денеска им е петти дуел на големите натпреварувања, секогаш победувале Галските петли, последен пат на Мундијалот во 2018 во Русија, кога победија со 1-0 во тврд меч сличен на денешниот.