Франција и Португалија одиграа како во финалето на ЕП 2016

Франција и Португалија одиграа нерешено 0:0, во дербито од третото коло во Лигата на нации. Ова беше прв меч на овие две селекции по тој во финалето на Европското првенство 2016 година. На истиот стадион, „Стад д Франс“, по 90 минути немаше погодоци, само сега за разлика од тогаш, не се играа продолженија.

Португалија пред четири години победи со 1:0 го солот во дополнителните 30 минути, а тогаш Кристијано Роналдо се повреди и не го дочека крајот на средбата. Овојпат Роналдо го одигра цел меч, но не даде гол, но гостите успеаа и да го задржат опасниот напад на Франција.

Колку за потсетување, Галските петли пред само неколку дена постигнаа седум гола во победата над Украина (7:1), но секако Португалија е многу поквалитетен тим. По три одиграни кола во Лигата на нации, Франција и Португалија остануваат на делба на првото место. Двете селекции имаат по седум бода, а Хрватска е трета со три. Шведска е без бодови во оваа група.

Во останатите вечерни дуели од Лигата на нации: Полска – Италија 0:0, Исланд – Данска 0:3, Северна Ирска – Австрија 0:3, Србија – Унгарија 0:1, Шкотска – Словачка 1:0, Грција – Молдавија 2:0, Косово – Словенија 0:1.

- Оглас -

Најнови вести