Франција и Ролан Гарос ќе и кажат збогум на уште една своја тениска ѕвезда, се молат да не биде утре

Жил Симон ќе биде втората тениска ѕвезда што ќе се прости со настапите на Ролан Гарос и ова му е последен настап на легендарниот гренслем во Париз, а збогувањето може да биде веќе утре.

Симон ќе игра против Марин Чилиќ и ако загуби тоа ќе му биде последниот меч пред домашната публика во Париз и на Ролан Гарос.

Во текот на турнирот што се игра Французите веќе испратија една своја голема тениска легенда, а кариерата комплетно ја заврши Џо Вилфрид Цонга.

Цонга на 37-годишна возраст во вторникот со пораз од Руд ја заврши тениската кариера, а сега следи уште едно француско збогум од Симон.

Жил е врсник со Цонга и тој има 37 години, а најдобар резултат на гренслем турнирите му се две четвртфиналиња на Австралија опен во 2009 година и на Вимблдон пред 7 години.

На Ролан Гарос најдалеку стаса до четвртото коло, во 2011, 2013 и 2015 година.

Во кариерата освои 14 пехари на АТП турнирите и беше највисоко рангиран на шесттото место на светската листа во јануари 2009 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести