Франција ќе мора без Карабатиќ на Европското првенство

Ракометната репрезентација на Франција, како и сите останати селекции, се подготвува за предстојното Европско првенство.

Популарните „експерти“ се соочуваат со голем број на проблеми а на ова ЕП ќе мораат да играат без Лука Карабатиќ.

Искусниот пивотмен го повреди десниот бут уште на почетокот од декември, а докторскиот тим на оваа селекција одлучи дека тој не може да го даде максимумот на континенталниот шампионат.

И неговиот брат, Никола Карабатиќ има здравствени проблеми откако е позитивен на Ковид-19 и е во изолација, која му завршува наскоро.

Сепак, тој би требало да биде подготвен за првенството на кое Франција е во групата Ц со Хрватска, Србија и Украина.

- Оглас -

Најнови вести