Франција прими гол, па се налути и сега води на полувреме (Видео)

Франција води со 2:1 против Австралија, во меч од првото коло на Светското првенство во Катар. Средбата не започна најдобро за Галските петли затоа што Австралија со голот на Гудвин поведе во деветтата минута. Ова е вториот најбрз гол во историјата што Франција го примила на Светските првенства.

Актуелниот светски првак брзо успеа да се врати во игра и за неполни 25 минути по примениот гол, направи целосен пресврт. Најпрво Рабио израмни на 1:1 во 27-мата минута, а Оливие Жиру со својот јубилеен 50-ти погодок во репрезентативниот дрес, донесе радост за 2:1 за Франција.

Австралија имаше шанса да израмни на 2:2, но во судиското продолжување Кенгурите ја погодија стативата и не успеаја по вторпат да се израдуваат на погодок.

- Оглас -

Најнови вести