Француската тенисерка со поддршка за Ѓоковиќ: И за мене Косово е срцето на Србија

Француската тенисерка Кристина Младеновиќ реши да ја искоментира целата ситуација која ја креираше Новак Ѓоковиќ по првото коло на Ролан Гарос. Ѓоковиќ на ТВ-камерата напиша порака на која пишување „Косово е срцето на Србија. Стоп за насилството“.

Според многумина, ова била политичка порака на Ѓоковиќ, но Младеновиќ, која има српски корени, не мисли така.

„Новак е голем, вистински пример за сите останати. Видов што напиша. На многумина им е дозволено да зборуваат за конфликтот Русија и Украина и да имаат став за тоа и тоа не е политички? Од друга страна, ова е политички? Да, го делам ставот на Новак. Косово е срцето на Србија и за мене. Мојот татко е од Гњилане, баба ми живееше таму и јас таму одев кога бев дете“, вели Младеновиќ, која додаде дека „во главата сум Французинка, но во срцето сум Србинка“.

Во досегашната кариера Младеновиќ има освоено една ВТА-титула, а најдобро рангирање имаше во 2017 година, кога беше на десетто место на светската листа. Многу поголеми успеси имаше во дубл натпреварите, каде што има освоено дури 28 титули.

- Оглас -

Најнови вести