Француски гигант со две финалиња во КЕШ го бендиса Миовски

Француски Ремс е заинтересиран за македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, кој летово стана член на шкотски Абердин и игра одлично.

Миовски е втор стрелец во шкотското првенство со 10 гола, еден помалку од Чолак од Глазгов ренџерс, па интересот на францускиот гигант и не е изненадување.

Ремс е еден од најголемите клубови во Франција, има 91 годишна традиција и две финалиња во Купот на европските шампиони.

Двапати загуби од најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид, првиот пат во Париз со 3:4 во 1956 година, а потоа и три сезони подоцна со 0:2 во Штутгарт.

Миовски од унгарски МТК летово за околу 650 илјади евра се пресели во Абердин и според стартот на македонскиот репрезентативец во најсилната лига на оваа земја шкотскиот клуб си доби фудбалски џек-пот.

Сега се проценува дека евентуален трансфер на Бојан на пример во Ремс би чинел не помалку од 5 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести