Француската фудбалска федерација реши да го исфрли тимот на Анже од првата лига. Оваа вест на Твитер ја потврдија и од клубот кој ја доби оваа жестока казна.
Како главна причина за исфрлување на Анже од првата лига е кршењето на финансискиот фер-плеј, односно неможноста да гарантира покривање на сите трошоци кои ќе ги има во текот на сезоната коај што следи.
Од Анже најавија жалба на оваа одлука и се надеваат дека ова е само привремено исфрлање од лигата во која минатата сезона завршија на 13-тото место.
• ́ • pic.twitter.com/WLXp5rm0Od
— Angers SCO (@AngersSCO) July 2, 2021

