Францускиот првак го промовира новиот тренер

Жослан Гурвенек е новиот тренер на Лил. Францускиот стратег кој последниве две години никаде не работеше, беше промовиран за нов кормилар на францускиот првак.

Гурвенек е некогашен играч од средниот ред, а има настапувано за Лориен, Рен, Нант, Марсеј, Монпелје, Бастија, Анже, а кариерата ја заврши настапувајќи за Клермонт пред 15 години. Потоа се фокусира на тренерската работа, а бил на клупата на екипите Ла Рош, Генгам и Бордо, па во 2018 година повторно се врати во Генгам, каде што помина една сезона и потоа не беше никаде ангажиран.

- Оглас -

Најнови вести