Француските гледачи не го знаеја резултатот на нивната селекција, а причината за тоа е неверојатна

Тунис со 1:0 ја победи Франција во меч од третото коло, но овој кикс на Галските петли не беше штетен затоа што останаа на првото место во групата, додека Тунис не успеа да стигне до второто место.

Интересно е дека Франција на овој меч постигна гол во 90+9 минута, кога Антоан Гризман ја затресе мрежата на тунискиот состав, а потоа судијата Метју Конгер од Нов Зеланд отсвири крај на средбата.

Сепак, последниот свиреж на главниот судија не значеше дека Франција се спаси од пораз затоа што потоа се јавија арбитрите од ВАР-собата. Беше утврдено дека Гризман бил во офсајд, па судијата мораше да го поништи погодокот, а потоа и да го продолжи мечот за нови 30 секунди, па дури потоа по вторпат отсвири конечен крај.

Овие дополнителни драми по првиот судиски свиреж за крај не успеаја да ги видат најголем дел од гледалите во Франција. Телевизијата ТФ1 го прекина преносот веднаш по првиот последен судиски свиреж и гледачите сфатија дека нивната селекција одигра 1:1.

Дури потоа од ТФ1 телевизијата се извинија за грешката објаснувајќи дека морале да побрзаат за да пуштат реклами, па затоа и гледачите ги оставиле во заблуда околу конечниот резултат.

„Драги гледачи. Го исклучивме преносот веднаш откако судијата отсвири крај како што правиме на секој меч за да може да најдеме место за рекламите. Во тој момент се јави ВАР-системот и го поништи голот на Гризман. Поради рекламите, не можевте да го видите тој момент. Жал ни е што не можевте да го видите тоа во живо“, стои во соопштението на телевиијата.

- Оглас -

Најнови вести