Французинките се вратија на бис и го испратија европскиот првак дома (Видео)

Десниот бек на Франција, Ив Перисет со победнички гол во 102. минута, или 12-та од првото продолжение против Холандија ги однесе Триколорките во полуфиналето на Европското првенство.

Во интересен меч Франција беше подобра и по 120 миниту игра го елиминира европскиот првак.

Во полуфиналето ќе играат против најтрофејната нација во Европа во женски фудбал, Германија, која е рекордер со 8 титули и има повеќе пехари од сите останати репрезентации заедно, кои имаат вкупно четири.

Вечерва Французинките упатија дури 32 удари кон холандскиот гол, 11 од нив беа директни шутеви, а прецизен беше тој на Перисет од пенал што ги однесе во полуфиналето.

Голот за победа на фудбалерката на Бордо можете да го погледнете ОВДЕ.

Во првото полуфинале на 26. јули ќе играат Англија и Шведска, а потоа и Германија и Франција.

 

- Оглас -

Најнови вести