Французинот му нанесе голем финансиски удар на Баерн Минхен

Со доаѓањето на Јулијан Нагелсман за нов тренер на Баерн Минхен, Французинот Корентин Толисо го загуби местото во првиот тим. Играчот за врска не е во плановите на Нагелсман, па затоа се очекува Толисо да  биде продаден во овој преоден рок.

Проблемот за Баерн е тоа што тие го купија Толисо во 2017 година за сума од 41,5 милиони евра, а сега се подготвени да го продадат за само 10 милиони евра. Тоа значи дека вредноста на Французинот паднала за четири пати.

Најавите се дека англиските премиерлигаши Манчестер јунајтед и Арсенал се заинтересирани за Толисо.

 

- Оглас -

Најнови вести