Французите тврдат: Нејмар уште четири години во ПСЖ

Нејмар и ПСЖ ја продолжија соработката на дополнителни четири години, тврдат одредени француски медиуми.

Засега од таборот на францускиот првак нема официјална потврда околу обновувањето на соработката со најскапиот фудбалер на светот,  меѓутоа тоа ќе се случи во најскоро време, по што ќе се обелоденат сите детали.

Иако Нејмар долго време притискаше да го напушти Париз и да се врати во Барселона, изминатиов период Бразилецот се премисли и самиот истакна дека би сакал да биде играч на Светците уште долго време.

Потпишувањето на новиот договор е голема работа за управата на ПСЖ, а сега останува фокусот да се насочи кон втората мисија, а тоа е продолжување на договорот на Килијан Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести