Фудбал без публика додека не се најде вакцина за корона-вирусот

Големите спортски настани во Англија ќе останат без публика додека не биде откриена вакцина против вирусот ковид-19. Според англиските медиуми, оваа одлука ќе биде потврдена уште денеска, кога Владата на Велика Британија ќе објави документ на повеќе од 40 страници и во кој детално ќе бидат објаснети сите мерки и идни дејствија во услови на пандемија.

Надежите на клубовите и навивачите дека стадионите ќе ги отворат вратите за публика есенва почнаа да испаруваат. Во конкретниов случај, играњето пред празни трибини ќе важи за спортот и фудбалот само во Англија, но постои реална веројатност тоа решение да биде донесено и во цела Европа.

- Оглас -

Најнови вести