Фудбал на колумбиски начин – куче шета околу центарот, играта тече (Видео)

На средбата од првата колумбиска лига помеѓу Патриотас и Јуниор, која заврши со победа на домашните од 2-0, се случи еден необичен „инцидент“.

Додека топката се тркалаше по теренот, во средината во улога на играч за врска се појави едно куче. Животното воопшто не беше вознемирено, ниту некој се обидуваше да го избрка. Дури и главниот судија не побара веднаш да престане играта, па кучето подолго време се задржа на тревата.

Пред натпреварот, дури четири кучиња трчале по теренот и дефинитивно пропустот е кај редарите кои дозволија да се случи ова.

- Оглас -

Најнови вести