Фудбал пред празен стадион е како жена без цицки

Болоња вечерва (19:30ч) гостува кај Парма која е во лоша форма и има четири порази во последните четири кола. Тимот на Синиша Михајловиќ ќе се обиде да ја продолжи катастрофалната низа на домаќините и воедно да се избори за повисок пласман на табелата во Калчо лигата по 32 натпревари.

Во пресрет на мечот, Михајловиќ направи одлична споредба за тоа како е да се игра фудбал пред празни трибини.

„Се надевам дека ситуацијата со корона-вирусот наскоро ќе заврши бидејќи да се игра без публика е ср*ње… Ако некој ви каже дека фудбал на празен стадион е исто како жена без цицки, потполно е во право“, истакна српскиот стратег.

Болоња моментално е н 10-тото место со 41 бод, Парма има два помалку на 12-тата позиција.

 

- Оглас -

Најнови вести