Фудбалер доби црвен картон, па ги исклучи рефлекторите

Џулиус Мурага откако доби црвен картон во 73 минута на еден натпревар од аматерска лига во Англија, заминува во соблекувална и (не)намерно ги исклучи рефлекторите на стадионот на кој се играше мечот помеѓу Челтенам саракенс и Кидлингтон девелопмент.

Овој несекојдневен настан предизвика внимание на британскиот остров. Мурага ги остави соиграчите, противниците, судиите и публиката во мрак, а тврди дека тоа не го направил намерно, туку случајно.

„Мислев дека го вклучувам бојлерот за вода, врска немав дека тој прекинувач е за осветлувањето на стадионот“ – се оправдуваше фудбалерот.

Средбата била во прекин пет минути. Од Кидлингтон велат дека му веруваат на својот играч кој не нема лош карактер, и се чудат како е можно прекинувачот за рефлекторите да биде во гостинската соблекувална.

- Оглас -

Најнови вести