Фудбалер на Ботафого ги врза сестрите и девојка му за мажите да уживаат во карантин (Видео)

Младиот фудбалер на бразилски Ботафого, Луиш Енрике, направи нешто што кај нас народски се вели „Од играчка, плачка“. Тој сними клип на кој дава совет што треба мажите да направат додека се дома во карантин и тоа требаше да ги насмее сите кои ќе го гледаат. Но, ефектот беше крајно негативен и 18-годишниот играч стана цел на многу напади.

Тој со татко му и браќата се смеат и уживаат играјќи на Плејстејшн, додека женскиот дел (девојка му и уште две за кои се претпоставува дека се сестри) седи настрана со врзани раце, нозе,и усти.

„Кој вели дека не може да се издржи со жени во карантин? Еве начин“, рече младиот фудбалер.

Енрике се оправда дека девојките доброволно учествувале во оваа „шега“ и дека тој не мислел ништо лошо.

Погледнете го видеото кое беше избришано од профилот на фудбалерот, но предизвика многу негативни коментари во Бразил и светот:

- Оглас -

Најнови вести