Фудбалер на Челзи ги изневери жена му и љубовницата, чека дете со трета!

Фудбалерот на Челзи, натурализираниот италијански репрезентативец Жоржињо, се разведе со сопругата за да биде со неговата љубовница, а неколку месеци подоцна тој ѝ направил дете на трета жена, па сега со неа чека бебе.

Бразилецот, кој има 28 години и игра во средниот ред на лондонските Сини, поради Елиса ја остави Наталија, а со Кетрин чека бебе.

Жоржињо додека беше во брак со Наталија Летери, почна да се плетка со Елиса Сканлон (Англичанка со потекло од Шри Ланка), која е преведувачка во Челзи, а Кетрин Кет Хардинг е поранешна на познатиот актер Џад Лоу, со кого има петгодишна ќерка.

Аферата на фудбалерот со Елиса ја открило нејзиното поранешно момче, кој инаку е фан на Арсенал. Но, тоа било само привремена страст, врската на Жоржињо со Елиса брзо пукна, а тој си најде утеха на друго место и сега чека да стане татко.

- Оглас -

Најнови вести