Фудбалер на Истра доби црвен картон, па му го кинеше и газеше бележникот на судијата (Видео)

Фудбалерот на Истра, Анте Ерцег, ги загуби нервите кога доби црвен картон на мечот против Риека, и направи нешто што веројатно првпат се гледа на терените во Хрватска.

Лутиот Ерцег му го грабна тефтерчето на судијата, и почна да го кине и да го гази откако го фрли на земја.

Ми даде црвен картон, ама ќе немаш бележник, веројатно си мислеше Ерцег додека дивееше на терен. Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести