Фудбалер на Партизан ја „собра“ пајажината од голот на Гент (ВИДЕО)

Слободан Урошевиќ од екипата на Партизан постигна прекрасен погодок на мечот против Гент.

Бекот на белградскиот тим во 66-тата минута убаво се ослободи од противникот, а потоа и упати неодбранлив удар кој одеше во самиот агол, а голманот може само со поглед да ја проследи топката.

Сепак, на крајот неговиот тим одигра 1:1 во мечот од групата „Д“ во рамките на Конференциската лига.

- Оглас -

Најнови вести