Фудбалер на Салцбург доживеал инфаркт на тренинг

Австрискиот клуб Салцбург откри дека нивниот фудбалер Патрик Фаркаш, преживеал инфаркт на тренинг пред два месеци. Тоа се случило во пресрет на дуелот со Наполи во Лигата на шампионите, а по извесно време клубот и самиот играч открија зошто оправдано отсуствувал од обврските.

„Немам што да кријам, сите треба да знаат што ми се случи. Преживеав инфаркт за време на еден тренинг. Едноставно паднав на земја, немав свест и чувствував дека ова може да биде крајот за мене“, истакна Фаркаш.

Дваесет и седумгодишниот фудбалер сега повторно е во тренажен погон, а во почетокот од 2020 година се очекува да се врати и на фудбалските терени.

- Оглас -

Најнови вести