Фудбалер на Сити го чека својот татко од затвор: “Од мене може да бара се: куќа, автомобил, буквално се“

Патот на Калвин Филипс до првата екипа на Манчестер Сити воопшто не беше лесен. Најтешкиот момент во неговиот живот се случил пред неколку години, кога неговиот татко бил осуден на 12 години затвор заради дрога и насилство, а фудбалерот веќе шест години го нема видено.

– “Поминаа шест години откако последен пат го видов. Како никогаш да не сум бил далеку од него. Делуваше остарено, се смеевме, зборувавме за фудбал и ми кажа дека е горд на мене. Кога го посетив му реков да ми се јави, но од тогаш ме нема побарано. Би сакал да излезе на слобода и да има своја куќа. Морам да чекам. Може да бара од мене било што: автомобил, куќа, било што. Ми рече дека се што сака е да патува по светот и да ме гледа како играм фудбал. Очигледно, можам да му помогнам.“ – рече фудбалерот за Дејли Мејл.

Калвин Филипс минатото лето се пресели од Лидс за 48 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести