Фудбалер на Стандард Лиеж си правел скара, па доби парична казна

Фудбалерот на белгискиот клуб Стандард Лиеж, Оби Уларе, бил еден од петте казнети граѓани викендов затоа што правеле скара, соопшти локалната полиција. На секој учесник во забавата му била напишана казна од 250 евра за прекршување на забраната за групни собири наложена од белгиската влада.

Уларе и друштвото се собрале во гратчето Хаселт, кое се наоѓа на околу 60 километри од Лиеж.

„Тоа не беше забава, обичен собир. Очигледно соседите ги повикале органите на редот, иако не правевме ништо лошо. Разбирам дека полицајците си ја вршат работата, но не е убаво да се преувеличуваат работите”, рече 24-годишниот Уларе.

Уларе, кој игра како напаѓач, а во минатото на кратко го носеше дресот и на англискиот Ватфорд, каде што дојде од Клуб Бриж.

- Оглас -

Најнови вести