Мечот меѓу Јеленград и Јасеновац во регионалната хрватска лига ќе остане запамтен по еден необичен инцидент. Фудбалерот Иван Газдек доби црвен картон откако усмрти кокошка на теренот.
„Верувајте дека не беше намерно. Беше неизвесен меч, имаше нервоза. На полувремето дури се каравме. Кокошките често знаат да влезат на терен за време на меч и да направат многу измет. Се стрчав за да ги избркам, замавнав со ногата и случајно усмртив една кокошка“, рече Газдек.
Фудбалерот додаде дека му е жал за тоа што го направил и во знак на извинување на сопственичката на усмртената кокошка ѝ подарил нова кокошка.