Фудбалер на Торино запна да добие картон, а судијата се заинаети и не му даде (Видео)

Интересна ситуација имаше викендов на мечот од италијанската Серија А помеѓу Торино и Удинезе.

Фудбалерот на Биковите, Алесандро Бонџорно, сакаше да добие жолт картон, кој би значел негова суспензија за следниот натпревар и се трудеше да изнуди картон со соблекување на дресот, но судијата не го казни.

Бонџорно сакаше да добие суспензија и да не може да игра против Венеција, а потоа да се врати чист за дербито со Јувентус. Но, вака ќе мора да пази да не пожолти против Венеција доколку сака да биде во составот против Јуве.

https://twitter.com/i/status/1490702340688650241

- Оглас -

Најнови вести