Фудбалер на Црвена ѕвезда беше повикан во репрезентацијата, но првиот ден е отстранет поради чудна причина

Фудбалерот на Црвена ѕвезда, Гелор Канга, повторно беше повикан во репрезентацијата на Габон, за која досега има одиграно 63 натпревари. Африканската репрезентација ќе игра пријателски мечеви со Сенегал и Катар, но Канга уште првиот ден е исфрлен од хотелот и нема да настапи на овие натпревари.

Фудбалерот кога пристигнал на првата прозивка, со себе ги повел и својата сопруга и братот и ги сместил во истот хотел во кој е и репрезентацијата. Одговорните кога дознале за тоа веднаш реагирале, па настанала кавга, бидејќи забрането е семејствата на фудбалерите да присуствуваат во истиот хотел со репрезентацијата.

Канга не се согласил со ова, па бил исфрлен од селекцијата и нема да настапи на натпреварите против Сенегал и Катар, а неизвесно е дали во иднина ќе продолжи да игра за Габон.

- Оглас -

Најнови вести