Фудбалер на Вест хем со триумфот во Лигата на конференции влезе во историјата на УЕФА

Вест хем со вчерашната победа над Фиорентина од 2:1 триумфира во второто издание на Лигата на конференции, а притоа Емерсон Палмиери испиша историја.

Бекот на Чеканите стана првиот фудбалер во историјата на УЕФА кој триумфирал во сите пет натпреварувања кои се во организација на Европската фудбалска федерација. Палмиери освои три трофеи како играч на Челзи, во 2021 година триумфира во Лигата на шампионите и во европскиот Суперкуп, а две години претходно, со Сините триумфира и во Лигата на Европа.

Во 2021 година со репрезентацијата на Италија триуфира на Европското првенство, а вчера ја комплетира колекцијата на трофеи со триумфот во Лигата на конференции.

 

- Оглас -

Најнови вести