Фудбалер на Војводина е во критична состојба, а никој не знае што му е!

Напаѓачот на Војводина, Џонатан Болинги итно е префрлен во болницата во Сремска Каменица, а неговата состојба е сериозна! Лошите вести беа потврдени и од клубот од Нови Сад, без детални објаснувања што му се случило на фудбалерот кој летово дојде во српскиот тим.

„По мечот со Раднички 1923, Болинги замина во Киншаса на репрезентативни обврски со селекцијата на ДР Конго. Тој се врати ноќта на 14 септември. По доаѓањето, пријави дека лошо се чувствува и веднаш беше префрлен во Ургентниот центар Војводина, каде што му беа направени детални прегледи и дијагностика. Поради тешката состојба во која се наоѓа, лекарите одлучија дека Болинги треба да биде префрлен на Институтот за белодробни болести во Сремска Каменица, каде што е примен и сместен на интензивна нега. Неговата состојба е сериозна, но сега се наоѓа на најдоброто можно место за да добие нега“, вели докторот на Војводина, Борко Вукосав.

Војводина се подготвува за дуелот против Спартак, но сите со мислите се фокусирани само на тоа каква е здравствената состојба на фудбалерот од нивните редови.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести