Фудбалер обвинет за тероризам се самозапали на улица и тоа во живо го пренесуваше

Тунискиот фудбалер Низар Аисауи приреди шокантни сцени, кои беа пренесувани во живо на неговиот фејсбук-профил, откако реши да се самозапали на сред улица. Аисауи излезе пред полициската станица да протестира затоа што смета дека неправедно бил обвинет во случај за тероризам и во знак на протест решил да се самозапали.

Повредениот фудбалер се здобил со теши повреди и изгореници на целото тело и веднаш потоа со возило на Брза помош бил пренесен во болница.

Аисауи, кој има 35 години, во кариерата има играно за екипите на Унион Спортиф де Монастир, Ел Гауфел од Гафса, Џеридет Тозеур и Еспоар Спортиф од Хафуз.

 

- Оглас -

Најнови вести