Фудбалер претрпе срцев удар на терен, средбата прекината, добра вест е дека преживеа (Видео)

Бразилскиот фудбалер Алекс Аполинарио кој игра за португалскиот третолигаш Алверка, денеска на мечот против Униао Алмеирим одеднаш колабираше на терен, откако претрпе срцев удар и ги исплаши сите на теренот. За среќа, го преживеа ударот и сега во болница, во стабилна состојба.

Натпреварот беше прекинат, играчите на двата тима се прегрнаа и на средината на теренот застанаа во круг да се молат за здравјето на 23-годишниот Бразилец.

Непријатниот момент се случи во 27-мата минута од мечот:

https://streamable.com/h7r3pe

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести