Фудбалер роден во Загреб за кого Хрватите не ни чуле, ќе игра за Србија!

Младиот фудбалер Ѓуро Ѓекиќ, кој е роден во 2005 година, одлучи да игра за кадетската селекција на Србија, иако имал прилика да игра за родната Хрватска. Ѓекиќ е роден во Загреб, игра за Локомотива Загреб, минал одредено време и во младите категории на Динамо.

Селекторот на хрватската кадетска репрезентација, Томислав Рукавина, даде интересна изјава во врска со Ѓекиќ.

„Не сум чул за Ѓекиќ, но ако има квалитет за да игра за Хрватска, сигурно ќе се распрашаме за него. Штета би било да заигра за некоја друга селекција“, рече Рукавина.

Српските скаути го забележале Ѓуро во Осиек, во февруари годинава го направиле првиот контакт со него, а во октомври дојде и првиот репрезентативен повик за него. Тој за Србија веќе одигра два меча.

- Оглас -

Најнови вести