Фудбалер се „запусти“ со килажата и доби отказ од Севилја

Лорис Гњанон остана слободен играч откако неговиот клуб Севилја одлучи да му го раскине договорот поради прекумерна тежина.

Фудбалерот во последните неколку месеци нагло ја зголемил килажата и ја изгубил кондицијата за тренинг, поради што од шпанскиот тим мораа да реагираат откако не успеаја да го продадат во последните денови од трансфер-периодот.

Гњанон беше платен 13,5 милиони евра и дојде од екипата на Рен пред три години, а во членот на Ла Лига одигра само седум натпревари и веќе подолго време тренираше со резервниот тим, иако беше доведен како големо засилување.

Со Севилја имаше договор во наредните две години и поради негово предвремено прекинување, играчот ќе добие соодветна отштета.

- Оглас -

Најнови вести