Покрај натпреварите од Лигата на шампионите, вчера и денеска се вратија активностите и во Англија, односно и на Островот по смртта на Кралицата Елизабета Втора.
На сите средби се оддава минута молк, а фудбалерот на Виган, Џејмс Меклин, којшто е од Ирска, со еден потег ја разгневи публиката и стана најомразениот лик на Островот.
Меклин, кој е репрезентативец на Ирска, се одвои од соиграчите пред минутата молк пред мечот со Дерби од Чемпионшип лигата.
Со таквиот гест тој не сакаше да ѝ оддаде почит на починатата Кралица Елизабета Втора, а останува да се види дали тој ќе биде казнет од ФА за ваквиот потег.
James McClean during the minute silence for the Queen
👏👏👏 pic.twitter.com/GrG7ozlTwA
— IrishPropaganda🇮🇪⚽️ (@IrishPropaganda) September 13, 2022